Top Sport

Пливачот Марк Фостер откри дека е геј

Шесткратниот светски шампион во пливање, и носител на знамето на Велика Британија на Свеченото отварање на ОИ во Пекинг во 2008, Марк Фостер откри дека е хомосексуалец во интервју за британскиот весник „Гардијан“.

47-годишниот Фостер вели дека се решил на одлуката откако чувствувал дека кажува „полу-вистини“ во јавноста, и покрај поддршката на пријателите и семејството. Фостер постави осум светски рекорди и настапи на пет Олимпијади, а сега работи како ТВ-коментатор.

„Никој не ме тераше на таква одлука, но постојано ја избегнував. Кажував полу-вистини и не бев искрен и тоа ми пречеше. Имам 47 години, сега сум средовечен човек и веќе не се натпреварувам. И не сум првиот геј спортист“, вели Фостер.

Scroll to Top