Top Sport

По контроверзниот старт, О’Саливен во супериорна форма (видео)

Рони О’Саливен повторно покажа одлична форма откако влезе во третото коло на Северна Ирска опен со убедлива 4:0 победа над Двејн Џонс.

На Џонс му остана само да се смее на резултатот, откако О’Саливен го запечати триумфот со „сенчури“ по контроверзната расправија со фотографите по 4:2 победата во првото коло.

О’Саливен беше незадоволен што фотографите не користеа стативи за своите фото-апарати, и директно ги конфронтираше по победата од првото коло.

„Веќе си направив проблеми бидејќи фотографите на Мастерсот минатата година се движеа додека јас се подготвував за удар. Потоа добив и писмо од Ворлд Снукер и моите адвокати го разгледуваа. Во овој спорт секое движење се забележува. Кога ќе видиш дека некој се движи нормално дека ти пречи. Не сакам само да се жалам, но нека не се движат додека сум тука“, изјави О’Саливен во интервју за „Евроспорт“.

Scroll to Top