Top Sport

Победи за Свиндал и Гоџија (видео)

Аксел Лунд Свиндал имаше фантастична скратена супер-џи трка, за триумф во Кицбил пред својот сонародник Кјетил Јансруд пред главното шоу на сезоната, саботниот спуст на Ханенкам.

Ова беше трета победа на Свиндал по двете победи во спуст минатиот месец, а дојде на скратена патека за да се не се уништи патеката за саботниот спуст. Австриецот Матијас Маер, актуелниот олимписки шампион во спуст, беше на третото место со само 0.01 секунди предност пред сонародникот Ханес Рајхелт.

35-годишниот поранешен олимписки шампион, кој освои три медали на ОИ во Ванкувер во 2010 година, Свиндал имаше посебно добро возење во долниот дел на патеката и сега во недела ќе оди на двоен триумф на славниот спуст.

Во Кортина Д’Ампецо пак, Софија Гоџија со својата втора спусташка победа во една недела го презеде водството во генерален пласман во спуст. Италијанката минатата недела триумфираше во Бад Клајнкирхајм, Австрија, за да стане само шестата Италијанка со победа на домашен снег.

Половина секунда зад неа беше Американката Линдзи Вон, која покажува дека полека се враќа во форма, додека подиумот го комплетираше неверојатната лидерка во генерален пласман, Микаела Шифрин со 0.84 секунди заостанување зад Гоџија.

Гоџија сега има 269 поени од четири спуста, а Шифрин е изненадувачки на второто место со 49 поени помалку, иако се работи за специјалистка за технички трки.

Scroll to Top