Top Sport

Повторно настрадаа велосипедисти на тренинг

Велосипедистите на Квик-Степ флорс тимот, Лоренс де Плус и Петр Вакоч се во болница откако беа удрени од камион на тренинг во Јужна Африка.

Двајцата велосипедисти се во болницата во Нелспруит, а Вакоч мораше да има и операција за скршениот ‘рбет, додека Де Плус имаше повеќе модринки и повреда на бубрегот, потврди белгискиот тим. Нивниот колега, Боб Јунгелс го опиша страшниот инцидент.
„Тројцата бевме на тренинг, кога одеднаш слушнав голема бучава, и во следната секунда Лоренс и Петр беа на асфалтот. Не го видов камионот кој доаѓаше од зад нас, но најверојатно ги удри со левиот ретровизор. Една жена која беше во близината ни помогна и повика амбулантно возило, и беше навистина страшно“, вели Јунгелс.

Scroll to Top