Top Sport

Скандал го тресе француското рагби

Рагби сојузот на Франција се наоѓа под полициска истрага поради наводни судири на интереси, а полицијата денес извршила претрес во просториите на таа организација. Најзвучно име против кого се води истрага е она на претседателот Бернар Лапорт.

Просториите на Сојузот се наоѓаат во местото Марцуси крај Париз, а во текот на акцијата, во која учествувале десетици полицајци, рагби селекцијата на Франција се подоготвуваше за престижното натпреварување – Шест нации.

Лапорт ги негирал обвинувањата дека вршел притисок врз членовите на Одборот за жалби при Рагби сојузот на Франција да му ја намали казната на Монпелје, чии сопственик е неговиот пријател Мохад Алтард.

Истрагата на полицијата трае веќе три месеци, а француската министерка за спорт, навела дека Лапорт на 30.јуни го контактирал претседателот на Одборот за жалби, односно дека влијаел одлуката на ова тело да биде сменета.

Казната на Монпелје од 70.000 евра му е намалена на 20.000 евра, а стадионот на овој клуб е суспендиран на еден натпревар.

Обвинителството ќе реши дали ќе покрене процес со кој Лапорт ќе може и формално да биде обвинет.

Алтрад, француски милијардер со потекло од Сирија, потпишал договор со Сојузот, а репрезентацијата прв пат во историјата носи име на спонзор на своите дресови, но тој тврди дека тука нема судир на интереси.

Петгодишниот договор „тежи“ 35 милиони евра.

Scroll to Top