Top Sport

Скандал на ЗОИ, судиите му го украдоа среброто на Кошир (Видео)

Неверојатна грешка на судиите го обележа финалето во паралел слаломот, во конкуренција на бордери, на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.

На Словенецот Жан Кошир судиите му го украдоа сребрениот медал. Кошир, во фото-финишот, прв мина низ целта, но судиите златото му го доделија на домашниот натпреварувач Ли Сангху.

Телевизиската снимка и фото-финишот на трката јасно покажуваат дека Кошир прв ја минува целта, меѓутоа на крајот наместо сребро Слоенецот освои бронза.

Златниот медал во трката го освои Швајцарецот Нервин Галмарини.

Scroll to Top