Top Sport

Ставре Јада ќе го носи знамето на отворањето на ЗОИ

Ставре Јада ќе го носи државното знаме на отворањето на 23. Зимски олимписки игри (ЗОИ) во Пјонгчанг. Олимпијадата во Јужна Креја ќе биде отворена на 9.февруари.

Нордиецот Ставре Јада на ЗОИ избори пласман со остварена А норма, а во Пјонгчанг ќе се натпреварува во две дизциплини (спринт и трката на 15 километри).

Покрај Јада во Јужна кореја ќе се натпреваруваат и Викторија Тодоровска, односно Антонио Ристевски.

Тодоровска ќе настапи во нордиската трка на 10 километри во женска конкуренција, а Ристевски ќе се натпреварува во алпско скијање, во две дисциплини, слалом и велеслалом.

Покрај тројцата натпреварувачи во Јужна Кореја ќе патуваат и тренерите Ѓоко Динески и Иван Лесески.

Македонската експедиција в среда ќе отпатува за Пјонгчанг.

Scroll to Top