Top Sport

Стефановска седма во Ротердам

Моника Стефановска оствари најдобар пласман до десетчлената македонска експедиција која викендов учествуваше на петтиот турнир од „Светската 1 Премиер карате лига“ и турнирите од А-серија. Турнирот се одржа во Ротердам, Холандија.

Со исклучок на Стефановска сите останати од македонскиот тим останаа без пласман и ги загубија борбите во првото или второто коло. Каратистката на „Макпетрол“, на крајот го освои седмото место. Во Ротердам, Стефановска забележа три победи со што ќе го подобри својот пласман на светската ранг листа. Во моментов, Стефановска се наоѓа на 32 позиција во својата тежинска категорија -68 кг.

Резултатите од борбите на Стефановска во Ротердам:

1 коло: Моника Стефановска (Макпетрол) – Еми Томасон (Нов Зеланд) 2-0
2 коло: Моника Стефановска (Макпетрол) – Ксенија Малиута (Русија) 2-0
3 коло: Моника Стефановска (Макпетрол) – Мирослава Копунова (Словачка) 1-2

Репасаж

4 коло: Моника Стефановска (Макпетрол) – Каролина Арсенио (Португалија) 4-0
5 коло: Моника Стефановска (Макпетрол) – Халина Мелник (Украина) 0-3

Scroll to Top