Top Sport

Стивенс подготвена за победи во Жухаи

Шампионката од САД опен, Слоун Стивенс инсистира дека не чувствува притисок што нема победа во меч од шокантната победа во Њујорк пред завршниот турнир од сезоната, ВТА Елит трофеј во Жухаи, Кина.

24-годишната Стивенс, која ја совлада Медисон Киз во неочекуваното финале на Флешинг Медоуз, загуби во првото коло на Вухан опен и на Кинескиот опен во Пекинг, пред да се повлече од Хонгконг опен поради повреда.

„Притисокот не оди кај мене. Дадете го на некој друг“, изјави таа пред новинарите во Жухаи, пред турнирот за тенисерките во топ 20 кои не учествуваа на ВТА финалето.

Стивенс се врати во топ 20 по победата во Њујорк, откако претходно беше дури на 957. место на ВТА-листата по низата повреди. Таа вели дека има проблем со тоа што има премалку време за тренинг по големата победа.

„Кога играте тенис, морате да тренирате за тоа пред да одите да освоите гренд слем. Но, по победа, немате толку време бидејќи имате повеќе работи за завршување. И да, јас дефинитивно не одам на турнири на кои не сум подготвена да играм“, вели Стивенс.

Анџелике Кербер, која падна од првото место на ВТА листата во јануари, до 19. место, вели дека притисокот на врвот не е лесен.

„Има многу работи кои ги научив оваа година. Кога ќе ја почнеш годината како број 1, сите сакаат да те победат. Верувам дека и кај Слоун има слично искуство“, вели 29-годишната Германка.

ВТА ЕЛИТ ТРОФЕЈ

АЗЕЛЕА ГРУПА

Кристина Младенович (Фра)

Јулија Гергес (Гер)

Магдалена Рибарикова (Свк)

БУГАНВИЛЕА ГРУПА

Коко Вандевеге (САД)

Елена Веснина (Рус)

Пенг Шуаи (Кин)

КАМЕЛИЈА ГРУПА

Слоун Стивенс (САД)

Анастасија Севастова (Лет)

Барбора Стрицова (Чеш)

РОЗА ГРУПА

Анастасија Пављученкова (Рус)

Анџелике Кербер (Гер)

Ешли Барти (Авс)

Scroll to Top