Top Sport

Танде најдалеку по две „летања“, Хајбек со застрашувачки пад (видео)

Даниел Андре Танде е во добра позиција да го освои златото во Светскиот шампионат во скијачки летови откако по петочните две серии (од вкупно четири) има 11 поени предност пред Германецот Рихард Фрајтаг.

Танде скокна 212 и 227 метри за да собере 449.6 поени и да триумфира пред Фрајтаг со 438.7 поени (228 и 225 метри) и победникот од „4 скокалници“, Полјакот Камил Стох со 438.1 поени, отккао тој скокна фуриозни 230 метри во првата серија, за во втората да има 219 метри.

Вторите два скока се на програмата во сабота во германскиот Оберстдорф, по што во недела на програмата е тимското натпреварување.

Натпреварувањето го одбележа и еден тежок пад при доскокот на Австриецот Михаел Хајбек, кој потоа не настапи во втората серија.

Scroll to Top