Top Sport

Тинејџерот кој го „суреди“ О’Саливен

Рони О’Саливен доживеа тежок пораз од 6:1 од светскиот број 53, Јан Бингтао во првото коло на Интернационалниот шампионат во Дакинг, Кина.

Поразот доаѓа само една недела откако О’Саливен ја освои титулата од Англискиот опен со 9:2 победа над Кајрен Вилсон во Барнсли.

17-годишниот Бингтао се намачи во квалификациите за 6:5 победа над Ванг Јучен, за да обезбеди дуел со О’Саливен и имаше совршен ден против петкратниот светски шампион.

Scroll to Top