Top Sport

УФЦ со ултиматум за Мекгрегор

Конор Мекгрегор може да ја загуби УФЦ титулата ако наскоро не се реши за одбрана, вели претседателот на УФЦ, Дејна Вајт.

Ирецот беше шампион во перо и лесна категорија, со што стана првиот ММА борач кој имал титули од две тежински категории во исто време, пред да му биде одземена титулата во перо категорија откако одби да ја одбрани против Хозе Алдо, решавајќи се на „авантура“ во боксерскиот ринг, во мега-мечот со Флојд Мејведер Јуниор, кој го загуби во 10 рунди.

„Ако чека до август или септември, тогаш ќе има поминато две години од одбраната на титулата и тоа не можеме да го дозволиме. Ако не сака да се бори тогаш треба да се направи дуел меѓу Хабиб Нурмагомедов и Тони Фергусон за титулата“, изјави Вајт.

Ова значи дека Мекгрегор треба да направи важна одлука во блиска иднина, и покрај шпекулациите дека би сакал да има ри-меч со Мејведер, но во октагонот, а не во боксерскиот ринг. Мејведер неодамна најави дека би можел да направи милијарда долари во УФЦ, а самиот Вајт изјави дека разговарал со него за таков „трансфер“.

Scroll to Top