Американскиот соубордер Шон Вајт го освои третото олимписко злато со победата во хајфпајп на Зимските олимписки игри во Сочи. Вајт се врати на олимпискиот трон благодарение на брилијантното издание во последната, трета серија, во финалето, која му донесе 97,75 поени.

Искусниот Американец во борбата за најсјаното одличје за два и пол бода го победи Јапонецот Ајуми Хирано, додека на третото место се најде Скоти Џејмс од Австралија.

Вајт е олимписки шампион од Торино (2006) и Ванкувер (2010), додека на последните Игри во Сочи го освои скромното четврто место.

Исто така Шон Вајт со победата во хајфпајп, стана првиот сноубордер кој во било која дисциплина освоил три златни медали и на САД го го донесе јубилејниот 100. златен медал на Зимските олимпијади.