Top Sport

Вавринка „излета“ од Ротердам, нема меч со Федерер

Стен Вавринка нема да му биде „пречка“ на Роџер Федерер во обидот да го врати првото место на АТП-листата, откако поранешниот гренд слем шампион загуби во три сета од светскиот број 259., Талон Грикспор на Ротердам опен.

Вавринка направи дури 41 неизнудена грешка за да загуби во првото коло со 4:6/6:3/6:2 од анонимниот 21-годишен Холанѓанец, за кого ова е прва победа на еден АТП турнир.

„Неверојатно, навистина не знам што да кажам. Само во соништата можев да победам толку голем шампион“, вели Грикспор.

Претходно, четвртиот носител Давид Гофан за нешто повеќе од еден час со 6:1/6:3 го совлада Французинот Николас Мау, кој на турнирот беше повикан како „среќен губитник“ по повлекувањето на сонародникот Беноа Пер.

Утре, 20-кратниот гренд слем шампион Роџер Федерер ќе го почне турнирот кој може да му донесе прво место на АТП-листата првпат од 2012 година. Тој игра со Белгиецот Рубен Бемелманс во првото коло, а потребно му е полуфинале да го замени Рафа Надал на врвот.

Scroll to Top