Top Sport

Со вештерство до победа во крикет меч

Капитенот на крикет репрезентацијата на Шри Ланка, Динеш Чандимал тврди дека нивната победа во тест мечот против Пакистан се случил поради помош од шамани.

27-годишниот Чандимал ја предводеше својата репрезентација до 2:0 победа на првиот натпревар во Абу Даби и потоа на вториот меч во Дубаи овој месец. Тој вели дека добил благослов од манијо, тип на шамани од Шри Ланка.

„Секогаш сум подготвен да добијам благослов од било кого, без разлика дали е манијо. Можете да сте талентирани колку што сакате, но без благослов нема одење напред“, изјави Чандимал.

Овие коментари доаѓаат само една недела откако министерот на спорт на Шри Ланка нареди националниот тим да побара помош од вештери за да се „сврти среќата“. Дајасири Џајесака се закани да тужи една од вештерките за тврдењето дека таа фрлила клетва над Пакистан за да осигура победа на Шри Ланка.

Scroll to Top