Top Sport

Вон: Не сум Анти-Американец, туку само сум против Трамп

Линдзи Вон признава дека е повредена од обвинувањата дека е анти-американски расположена само поради ставот против претседателот Доналд Трамп. Пред настапот во спустот во среда, Вон заврши шеста во супер-џи трката во саботата.

33-годишната најдобра алпска скијачка во историјата доби низа навреди на социјалните мрежи, откако пред Игрите изјави дека нема да ја посети Белата Куќа доколку освои медал

„Јас сум најамериканската личност која ќе ја запознаете некогаш. Доаѓам од Минесота, од земјата на фармите. Моето семејство е составено од цврсти и искрени луѓе и ја сакам мојата земја и сакам да се натпреварувам за неа. Горда сум што го имам знамето на САД тука. Ме боли кога ќе слушнам такви обвинувања, бидејќи тоа не е вистина. Сега е време да се фокусирам на моите трки и да го правам тоа што е најважно, трката во среда. Моето мислење не е сменето, така што кога ќе имам шанса да влијаам позитивно повторно ќе зборувам“, вели Вон.

Scroll to Top