Top Sport

ЗОИ: Јамајка остана без тренер, но и без боб санката!

Дебито на женскиот јамајчански тим во боб-санкање на Олимпијадата во Пјонгчанг е неизвесно откако нивниот тренер, Сандра Киријасис си замина и се закани дека ќе ја земе единствената санка која ја има тимот.

Германката Киријасис, која е поранешна олимписка шампионка, тврди дека била „истуркана“ со промена на нејзината позиција и дека таа е легално „задолжена“ со санката. Таа сака исплата на ветените средства, нешто што Јамајчанската федерација во боб-санкање го отфрла.

„Никогаш не сум доживеала вакво разочарување во овој спорт, но и во целиот мој живот“, вели Киријасис, која додава дека се повлекла откако од позиција тренер на тимот ја „преселиле“ на позиција на аналитичар на перформанси, без контакт со натпреварувачите.

Ситуацијата околу санката останува нејасна, но од федерацијата велат дека не се повлекуваат од натпреварувањето.

Џезмин Фенлејтор-Викторијан и Кери Расел се надеваат дека ќе станат првите Јамајчанки во боб-санкањето 30 години откако јамајчанската боб-четворка стана сензација на ОИ во Калгари во 1988 и беше инспирација за филмот „Кул ранингс“.

Официјалните тренинзи почнуваат во сабота, пред трките во вторник и среда. Во декември, Фенлејтор-Викторијан и Расел беа на седмото место на трката во Винтерберг во Германија, откако ја сменија јапонската санка со германската која сега е „неизвесна“.

Scroll to Top