Top Sport

ЗОИ: „Мајсторот“ Хиршер со второ злато во Кореја

Марсел Хиршер, конечно, својата доминација на пренесе и на олимписките патеки. Австриската алпска ѕвезда доминираше во велеслаломската трка за да го победи големиот ривал Хенрик Кристоферсен во велеслаломската трка со огромни 1.27 секунди предност.

28-годишниот Хиршер беше лидер и по првото возење, за да го остави Кристоферсен зад себе, откако Норвежанецот скокна од 10. место по слабото прво возење. Французинот Алексис Пинтуро заврши 1.31 секунди зад Хиршер за да го освои бронзениот медал.

Хиршер не застанува тука, тој има шанса да стигне и до трето злато во својата најдобра дисциплина, слаломот во четврток, откако претходно победи во трката во алпска комбинација пред Пинтуро.

Во блескавата кариера на Австриецот му недостасуваа само олимписки злата, откако беше четврти во велеслалом во Ванкувер 2010 и во Сочи во 2014 година, а тој е актуелниот светски шампион во дисциплината.

Со ова се комплетира неверојатно доминантната сезона за Хиршер, кој во август го скрши левиот скочен зглоб. И покрај оваа повреда, тој не пропушти ниту една трка од Светскиот куп пред Олимпијадата и е апсолутен фаворит да освои рекордна седма титула во генерален пласман во СК следниот месец.

Scroll to Top