Натпреварувачот од пацифичката нација Тонга, Пита Тауфатофуа приреди вистинско шоу на Свеченото отварање на Олимпијадата во Пјонгчанг, излегувајќи на корејскиот мраз согола половина и со традиционално фустанче од трева.

Сега, подготвувајќи се за натрпеварување, Тауфатофуа вели дека со овој гест сакал достојно да го претстави својот народ.

„Кога го имам тоа знаме во раката сакам да претставувам 1.000 години историја. Ако моите предци можеле да пловат по океаните 1.000 години без да знаат каде е следното копно или следниот оброк, тогаш јас можам да поминам 25 минути без маица на мене“, вели Тауфатофуа.

Тауфатофуа, кој е роден во Австралија, ја претставуваше својата нација во теквондо на Олимпијадата во Рио во 2014, по што се префрли на нордиското скијање, иако признава дека не знае многу за снегот.

„Во мојот живот сум имал само 12 недели снег. Во петок ќе имам блиску до 13 недели ако ми биде потребна една недела да ја завршам трката. Се надевам дека нема да биде така. Не се предавам“, вели Тауфатофуа.

Тој своите тренинзи ги правел на ролерки и иако шансите за добар пласман се никакви, тој вели дека има поинаков мотив.

„Вистината е дека немам многу тренинзи на снег, но за четири години можеби некој од Тонга ќе биде подобар од мене. За осум години некој друг од Пацифичките острови може да биде и освојувач на медал“, вели Тауфатофуа.

ЗОИ: Херојот од Тонга гол на студот во Пјонгчанг (видео)