Top Sport

ЗОИ Пјонгчанг: Френцел ја одбрани титулата во нордијска комбинација

Германецот Ерик Френцел го одбрани златото од Сочи на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг во нордијска комбинација.

Нордиската комбинации ги содржи ско скоковите од малата скокалница и трката на 10 километри.

По првата дисциплина водечки со скокот од 112 метри беше Франц-Јосеф Рерл од Австрија, а го следеа Норвежанецот Јарл Магнус Рибер и Јапонецот Акита Ватабе, додека Френцел се наоѓаше на шестата позиција.

Меѓутоа 29-годишниот Германец доминираше во трката на 10 километри и со време 24:51.4 минути го освои златниот медал. Френцел во целта за речиси пет минути имаше подобро време од Јапонецот Ватабе, додека бронзата ја освои Австриецот Лукас Клафер.

Најсјаното одличје што го освои Френцел е веќе шестиот златен медал за Германија од почетокот на ЗОИ.

Scroll to Top