Top Sport

ЗОИ Пјонгчанг: Кузмина доминантна на 12,5 километри

Анастасија Кузмина од Словачка ја освои титулата во бијатлонската трка со масовен старт на 12,5 километри на Игрите во Кужна Кореја.

Кузмина во досегашниот тек од ЗОИ во Пјонгчанг освои две сребра, а денес го дочека својот момент на слава. До победата дојде со резултат 25:23.0 минути, со само едно промашување на стрелиштето.

Таа имаше за 19 секунди подобро време од второпласираната Дарја Домрачева од Белорусија. Бронзата од оваа трка и припадна на Германката Тирил Екхфот која од Кузмина имаше послаб резултат за 27,7 секунди.

Кузмина (33) во досегашниот тек на ЗОИ освои сребрени медали во потера и индивидуалната трка на 15 километри. Кузмина пред ова злато има најсјани одличја од трките на 7,5 километри на Олимпојадите во Сочи и Ванкувер.

Scroll to Top