Top Sport

ЗОИ Пјонгчанг: Одложен женскиот слалом

Организаторите на трките во алпско скијање на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг имаат големи проблеми со организацијата на натпреварите. Откако ги одложија машкиот спуст и женскиот велеслалом, во средата ја одложија и слаломската трка во женска конкуренција.

Силниот ветер им создава големи проблеми на организиторите на Игрите во Јужна Кореја. Во алпско скијање од предвидените четири трки, досега според планот се одржа само натпреварот во комбинација кој заврши со победа на Марсел Хиршер.

Стартот на првата трка во женскиот слалом беше закажана за 10:15 часот по локално време, поради ветерот стартот два пати беше одложен, а потоа организаторот соопшти дека трката ќе се одржи в петок.

Инаку машкиот спуст и женскиот велеслалом ќе се одржат в четврток, а трката во машка конкуренција во супервелеслалом која според програмата требаше да се вози в четврток, ќе се вози ден подоцна.

Scroll to Top