Top Sport

ЗОИ Пјонгчанг: Русите продефилираа без знаме и химна

Со спектакуларна церемонија во петокот беа отворени 23. Зимски олимписки игри во Пјонгчанг, Јужна Кореја. Покрај неверојатниот огномет, визуелните ефекти, присуството на врвните спортисти, челници и политичари, отворањето го обележа уште еден историски податок.

Репрезентативците на Русија за прв пат на светот им се претставија без својата химна и знаме, односно знаменосецот во рацетот го носеше олимпиското знаме.

Руските спортиси како и комплетниот Олимписки комитет се топ тема во светот на олимпизмот уште од завршувањето на Игрите во Сочи пред четири години, поради допинг аферата.

На денот на отворањето судот во Лозана за арбитража во спортот ги отфрли жалбите на 47 спортисти и тренери и не им дозволи да настапа во Пјонгчанг.

Русија во Јужна Кореја ќе ја преставуваат 169 спортисти.

Scroll to Top