Top Sport

ЗОИ Пјонгчанг: Злато за Канада во уметничко лизгање

Тимот на Канада освои 73 бода што му беше доволно за златниот медал, среброто го освоија Олимпијците од Русија со 66 бода, а четири бода помалку имаше тимот на САД.

Тимското натпреврување во уметничко лизгање се одржуваше во изминатите три дена, а златото на канада и го донесоа Патрик Чен, Кетлин Озмонд, Габриел Дејмлан, Меган Духамел, Ерик Редфорд, односно Теса Вирт и Скот Моар со чија точка заврши програмата.

Канада го освои првиот златен медал во оваа дисциплина, која премиерно беше воведена пред четири години на ОИ во Сочи. Во 2014 година Кадана го освои второто место зад Русија.

Scroll to Top