Top Sport

Барселона загуби бод по 133 натпревари

Ракометарите на Гвадалахара ставија точка на неверојатната серија на Барселона, која на победуваше на претходните 133 натпревари во АСОБАЛ. Меѓусебниот дуел на овие екипи во 13.коло заврши со резултат 26:26.

Каталонскиот клуб последен пат не излегол како победник од натпревар во домашното првентво во мај 2013 година. Таа година Барселона загуби од Ла Риоха во претпоследното коло.

Најдобри во редовите на Гвадалахара беа Колома со пет, додека Фуентес и Рубио постигнаа по четири гола. Барселона ја предводеше Валеро Ривера со седум гола, а македонскиот репрезентативев Борко Ристовски имаше шест одбрани.

Барселона и покрај нерешениот резултат е сигурна на лидерската позиција со 25 бодови, додека Гвадалахара е на третата позиција со 18 поени.

Scroll to Top