Top Sport

Борозан во тимот на колото, Ристовски со Топ одбрана

Вардаровиот „бомбардер“, Вуко Борозан, со својата игра во дербито против Рајн Некар, го заслужи местото во идеалниот тим на осмото коло во Лигата на шампионите.

Вардар, во саботата, го победи германскиот шампион со 30:26, а Борозан во победата партиципираше со седум гола.

Идеалниот тим на 8.коло:лево крило

Голман – Сирил Думолан (Нант)
Лево крило: Уве Генсхајмер (ПСЖ)
Лев бек: Вуко Борозан (Вардар)
Среден бек: Мате Лекаи (Веспрем)
Десен бек: Жолт Балок (ПИК Сегед)
Десно крило: Ласе Сван Хансен (Флензбург)
Пивотмен – Патрик Винчек (Кил)

Тимот на колото на ЕХФ можете да го погледнете на следниот линк.

Во изборот на ЕХ за осмото коло своето место го најде и голманот на македонската репрезентација Бороко Ристовски. Барселона загуби кај ПИК Сегед (31:28), а една од интервенциите на Ристовски, се најде во изборото на најдобрите одбрани во ова коло.

Најдобрите одбрани можете да ги погледнете на следниот линк.

Scroll to Top