Top Sport

Браќата Карабатиќ можат да одат на ЕП

Како што беше очекувано, Лука и Никола Карабатиќ не се жалеа на казната доделена од дисциплинската комисија на Националата ракометна лига (НХЛ) по пресудата во Париз.

Лука Карабатиќ беше суспендиран на два меча, кои ќе бидат „пренесени“ на 20 часа јавна работа, додека Никола Карабатиќ исто така ќе одработи 20 часа работа, со што неговата казна се намалува од шест на четири меча.

Тоа значи дека ПСЖ нема да можат да сметаат на својата ѕвезда на четири меча – три од францускиот шампионат (против Аикс, Трембле и Нант) и четврт-финалето од Купот против Нант на 14 декември. Во овој период тој ќе може да игра во Лигата на шампионите.

Француската ракометна федерација одреди дека двајцата нема да можат да играат во тој период ниту за репрезентацијата, но бидејќи во тој период нема мечеви, казната не значи многу. На крајот, двајцата ќе можат да учествуваат на Европското првенство во Хрватска од 12 до 29 јануари и ќе се приклучат на тренинг кампот во Капбретон од 26 декември.

Браќата Карабатиќ поминаа „лесно“

Scroll to Top