Top Sport

Циндриќ номиниран за играч на годината

Средниот бек на Вардар и ракометната репрезентација на Хрватска, Лука Циндриќ од страна на Интернационалната ракометна федерација (ИХФ) е номиниран за најдобар играч во светот за 2017 година.

ИХФ покрај Циндирќ, во машка конкуренција, ги номинира Никола Крабатиќ (ПСЖ/Франција), Домагој Дувњак (Кил/Хрватска), Сандер Сагосен (ПСЖ/Норвешка) и Енди Шмид (Рајн Некар/Швајцарија).

Во женска конкуренција се номинирани се ракометарки на Ѓер и ЧСМ Букурешт: Нора Морк (Ѓер/Норвешка), Стине Офтендал (Ѓер/Норвешка), Кристина Неагу (Будуќност, Букурешт/Романија), Изабел Гулден (Букурешт/Шведска) и Нике Грот (Ѓер/Холандија).

За номинираните ИХФ отвори гласање на својата интернет страница кое ќе трае до 20.февруари.

За најдобрите може да гласате на овој линк.

Scroll to Top