Top Sport

ЕХФ бирократија: Нема Македонци во идеалниот тим на првата фаза

Европското првенство во ракомет влезе во втората фаза. По натпреварите во Сплит, Пореч, Загреб и Вараждин, главната фаза ќе се игра во Загреб и Вараждин. Дел од втората рунда е и Македонија, која ја освои Ц-групата и со три бода стартува од првата позиција во новоформираната група во која по два бода имаат Данска, Германија, Шпанија и Чешка, а еден бод Словенија.

И додека репрезентациите ја започнаа битката за пласман во полу-финалето, ЕХФ ја избра најдобрата седумка во првата фаза. Интересно, иако Македонија без пораз ја освои Ц-групата, иако коментарите на медиумите се дека избраниците на Раул Гонзалес покажале најмногу, заедно со Франција, цо првиот круг, тоа не и беше доволно на ЕХФ да избере ниту еден македонски ракометар меѓу седумтте го обележаа првиот круг.

Најдобри крила според ЕХФ се Германецот Уве Генсхајмер (лево) и Норвежанецот Кристијан Бјорнсен (десно). Лев бек е засега најдобриот стрелец на првенството Чехот Одреј Здрахала, десен бек е Дика Мем од Франција, а најдобар среден бек е Миха Зарабец од Словенија. Пикер кој според ЕХФ ја обележал првата фаза е Швеѓанецот Јаспер Нилсен, а неговиот репрезентативен соиграч Микаел Апелгрен е најдобар голман со одбраните 32 шута од 77 обиди.

Scroll to Top