Top Sport

Германците со блиц-финиш ја „минаа“ Чешка (видео)

Германија останува во игра за одбрана на титулата од Европското првенство во ракомет, откако со 22:19 ја совладаа Чешка во првото коло од втората рунда во нашата група, поминувајќи ја Македонија со 4 поени на првото место.

Чесите во поголемиот дел од натпреварот се покажаа како израмнет противник, и неколку пати имаа предност од два-три гола, меѓутоа во фуриозен финиш, помогнат со одличниот Андреас Волф на голот, германскиот тим дојде до клучна победа.

Штефен Фет беше најефикасен кај Германците со  дури осум гола, додека Томаш Чип беше најдобар стрелец за Чесите со шест гола, додека Ондреј Здрахала и Станислав Кашпарек имаа по четири гола.

И покрај поразот, Македонија ќе мора да внимава на цврстиот тим на Чешка, кој уште еднаш покажа дека го заслужува местото во втората рунда.

Вечерва се игра и вториот меч во групата 2, дербито меѓу Словенија и Данска.

Scroll to Top