Top Sport

И Чупиќ се откажа: „Не сме толку јаки колку што мислиме“

По победата над Чешка во мечот за петтото место на ЕП во Хрватска, Иван Чупиќ се откажа од репрезентативниот дрес, во живо пред камерите на хрватската „РТЛ“.

Ракометарот на Вардар, Чупиќ, инаку најдобриот стрелец во историјата на хрватската репрезентација, има 32 години е познат како човек кој ги избегнува медиумите, но овојпат јавно се прости.

„За овој дрес треба да си подготвен да даваш 300 отсто. На секој натпревар, на секој тренинг. Јас чувствувам дека не сум во состојба да го правам тоа и затоа е чесно да кажам збогум. Не сум подготвен ниту психички, ниту физички. Очигледно не сме толку добри како што мислевме и ова е реалноста. Имаме три натпреварувања без медал и постои некоја причина за тоа. Нешто мора да се менува, но за тоа ќе се зборува подоцна. Младите играчи рано заминуваат од лигата, но тоа не е случај само во ракометот“, изјави Чупиќ.

Претходно од хрватската репрезентација се откажа и ветеранот Игор Вори, а по мечот и голманот Мирко Алиловиќ, кој беше на насловните страници во Хрватска откако хулиганите му го каменуваа домот.

„Животот е пред мене, имам семејство и две деца и тоа најважното. Хрватска ми даде многу, но и јас дадов сè од себе, некогаш добро, некогаш лошо. Време е за повлекување“, изјави Алиловиќ.

Каменуван домот на Алиловиќ, сопругата вели: Повеќе нема да игра за проклетата репрезентација

Хрватска „извлече“ победа над Чешка во меч кој никого не го интересираше (видео)

Scroll to Top