Top Sport

Каменица доби отказ, Сарачевиќ нов тренер на ППД Загреб

Касим Каменица (63) повеќе не е тренер на ракометниот клуб ППД Загреб. Искусниот тренер доби отказ по поразот во Нант во Лигата на шампионите.

ППД Загреб нема победа на последните шест натпревари, а на последните осум има освоено само два бода (две нерешени средби) поради што раководството реши да ја прекине соработката.

„На тренерот Каменица сакаме да му се заблагодариме на трудот и максималната професионалност. Го презеде тимот кога беше во тешка ситуација, во финишот на минатата сезона, ги одработи подготовките, влезе во новата сезона, во која, за жал, резултатите и игрите не беа според очекувањата на клубот“, рекол клупскиот менаџер Божидар Јовиќ.

Каменица на клупата на ППД Загреб ќе го замени прославениот репрезентативец, кој е помошник на Червар во националниот тим, Златко Сарачевиќ.

Scroll to Top