Top Sport

Металург лесно со ослабениот Мешков

Металург го совлада белорускиот Мешков Брест со 37:33, со што не им дозволија на гостите ада го официјализираат местото на Фајнал фор турнирот во СЕХА-лигата.

До шестата победа во регионалното натпреварување, тимот од Автокоманда стигна релативно лесно, откако водството од стартот на натпреварот го задржа во текот на целиот меч. Гостите во Скопје допатуваа без својот главен тренер и без неколку ракометари поради обврски во националниот шампионат.

Филип Кузмановски беше најефикасен за Металург со 10 голови, додека 9 имаше Халил Јагањац. За Металург до крајот на СЕХА-ллигата останува гостувањето кај Татран во Словачка и домашниот дуел со словенечкиот Целје.

Фото: СЕХА лига

Scroll to Top