Top Sport

Металург убедлив кај Чеховски Медведи

Ракометарите на Металург славеа во Русија кај Чеховски Медведи 32:26 (15:15), во рамките на петтото коло во Лигата на шампионите. Металург со сигурна игра во второто полувреме стигна до првата гостинска победа во Лигата на шампионите.

Првиот дел од мечот донесе израмнета игра на двете страни, во која Чеховски Медведи имаа предност од еден или два гола, а во финишот Металург успеа да ја анулира негативата.

Домачинот подобро влезе во вториот дел создаде два гола предност (19:17) во 34.минута, кога започна серијата на Металург. Предводени од голманот Томовски, играчите на Александар Јовиќ го подигнаа нивото на игра во одбраната и во наредните 12 минути со серија од шест гола го презедео водството (19:23).

До крајот на мечот Металург рутински ја сочува предноста за конечен триумф 32:26.

Голманот Томовски имаше 11 одбрани (3 седмерци), а најефикасни беа Јагањац со 9, Пешевски со 6 и Анѓелиќ со 5 гола. н.ц.

Scroll to Top