Top Sport

Најдобри според публиката се Циндриќ и Неагу

Ракометарот на Вардар, Хрватот Лука Циндриќ и ѕвездата на ЧСМ Букурешт, Романката Кристина Неагу се најдобрите ракометари во изборот на фановите преку веб-сајтот на Европската ракометна федерација (ЕХФ).

Во гласање на над 40.000 фанови, Неагу доби 15.185 гласови или 52 отсто од гласовите, за да ја победи Анита Гербиц која доби 11.168 гласа или 38 отсто. Во изборот за најдобар ракометар гласаа помалку фанови и ѕвездата на Вардар, Циндриќ доби 6.731 глас, или 46 отсто за да го победи унгарскиот играч на Веспрем, Мате Лекаи со 6.039 гласа или 41 отсто од гласовите.

Scroll to Top