Top Sport

Нови лица во стручниот штаб на Червар

Лино Червар откако остана на селекторската позиција во ракометната репрезентација на Хрватска, реши да направи неколку промени во стручниот штаб.

„Три важни акции имаме оваа година. Квалификациите за СП против Црна Гора, квалификациите за ЕУРО 2020 и Медитеранските игри“, рекол Червар. Тој во понеделникот го обајви списокот на играчи за пријателските натпревар против Шведска, на почеткот на наредниот месец.

Прв помошник на Червар ќе му биде Давор Доминиковиќ, а тренер на голманите ќе биде прославениот Мирко Башиќ. Игор Вори кој ја заврши репрезентативната кариера, а се уште е активен во дресот на ППД Загреб, ќе биде новиот директор на репрезентацијата.

„Прв помошник ќе ми биде Доминиковиќ, олимпиец и светски првак. Тренер на голманите ќе биде Мирко Башиќ. Игор Вори ќе биде директор на репрезентацијата. Ќе ја заврши кариерата и ќе и се посвети на репрезентацијата“, рекол Червар.

Инаку порај Вори по ЕП на кое Хрватска го освои петтото место од националниот дрес се простија уште четворица играчи: Алиловиќ, Чупиќ, Копљар и Гојун.

Scroll to Top