Top Sport

Обложувалниците и понатаму не веруваат во Македонија

Ракометната репрезентација на Македонија е хит на Европското првенство во Хрватска. Избраниците на Раул Гонзалес без пораз го освоија првото место во Ц-групата, во конлуренција на Германија, Словенија и Црна Гора и во главната фаза носат 3 бода.

Натпреварите во Групата 1 Македонија ги започнува од првото место со 3 бода, по 2 имаат Германија, Данска, Шпанија и Чешка, а Словенија ќе стартува со еден бод.

Македонија има реални шанси во Вараждин да се бори за едно од првите првите две места и кои носат полу-финале и борба за медали.

Сепак и покрај ваквиот развој на настаните, кога медиумите пишуваат дека Македонија заедно со Франција досега покажала најмногу на првенството, водечките светски обложувалници не веруваат во силата на македонските ракометари.

Коефициентот дека Кире Лазаров и екипата ќе изборат полу-финале е дури 15,75!. Ова значи дека доколку Македонија избори полу-финале на вложени 1.000 денари добивката е 15.750.

Според обложувалниците прв фаворит за полу-финале од оваа група е Данска (1.95), потоа следуваат Шпанија (3.85), Германија (4.65), а зад Македонија се Словенија (30) и Чешка (62).

Букмејкерите ја истакнаа и листата на фаворити за титулата во Хрватска. Тука најмногу шанси и се даваат на Франција (3.20), а потоа следуваат Данска (3.80), Германија (6), Хрватска (7), Норвешка (8.25), Шпанија (8.50), Шведска (11.75), Македонија (28), Словенија (52) и Чешка (125).

Scroll to Top