Top Sport

Официјално: Европското ќе се игра и во Загреб

Европското првенство во ракомет кое започнува денес со мечевите во групите А и Б, ќе се игра и во Загреб, односно во арената во хрватскиот главен град. Ова информација е потврдена доцна синоќа по состанокот на преставниците на хрватската влада и управата на „Ингра“.

Пробленот со (не)одржувањето на ЕП во Загреб настана поради големиот долг кој Загрепскиот холдинг го имал кон „Ингра“, компанија која ја изгради „Арена“.

Од „Ингра“ истанкнаа дека Холдингот и должи 3,3 милиони евра на име на закуп.

„Од Холдингот истакнаа дека во петок ќе го уплатат бараниот износ од 3,3 милиони евра. Со тоа ќе бидат решени сите побарувања кои ги имаме. Арената ќе биде отворена и сите заедно ќе го дочекаме почетокот на Европското ракометно првенство“, соопштил претседателот на раководството на „Ингра“, Игор Опенхајм.

13.Европско првенстов во ракомет на програмата е од 12 до 28 јануари, а во Загреб ќе се играат натпреварите во Ц-групата, во која партиципира и Македонија.

Македонските ракометари в сабота, во првото коло, за противник ја имаат Словенија: Дуелот ќе започне во 19:30 часот, откако претходно во групата ќе играат Германија и Црна Гора.

Закана од инвеститорите: Нема да има ракомет во загрепската „Арена“

Scroll to Top