Top Sport

Пешиќ ги одбил Вардар, останува во Мешков

Белорускиот шампион БГК Мешков Брест го продолжи договорот со хрватскиот голман Иван Пешиќ, ставајќи крај на шпекулациите дека тој ќе дојде во европскиот шампион Вардар.

Пешиќ е во Белорусија од јули 2013 и има над 180 настапи за тимот од Брест, и сега го продолжи договорот на уште три години, со што останува во тимот до летото 2022 година.

„БГК е сериозен и амбициозен проект и сигурен сум дека имаме добра иднина. Се чувствувам одлиучно во Брест, иако имаше понуди од врвни клубови. Тука беше македонскиот Вардар и унгарскиот Пик Сегед, но го избрав Брест, бидејќи со овој тим сакам да ја освојам Лигата на шампионите“, вели Пешиќ.

Пешиќ има 34 настапи за хрватската репрезентација, со која беше на Олимпијадата во Рио во 2016 година, и е дел од поширокиот список за ЕП во Хрватска следната година.

Scroll to Top