Top Sport

Ракометарите имаат нерешено по првото полувреме

Македонската ракометна репрезентација по првите 30 минути има нерешен резултат 11:11 против Словенија. Двете репрезентации го играа мечот од првото коло во рамките на Ц-групата на Европското првенство.

Избраниците на Раул Гонзалес лошо влегоа во мечот, немаа решение за одбраната на Словенците и пред се за искусниот голман Скок. Првиот гол од игра Македонија го постигна во 13.минута.

Словенците благодарение на играта во одбраната имаа предност во првиот дел, а највисоките 10:7 ги имаа во 25.минута.

Сепак во финишот на првиот дел голманот Митревски ја раздвижи екипата и со серија 4:1, Македонија го заклучи полувремето

Scroll to Top