Top Sport

Раул објави кои играчи ќе настапат на ЕП во Хрватска

Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Раул Гонзалес, го објави списокот на играчи со кои ќе настапи на Европското првенство.

Утре на пат кон Хрватска ќе тргнат оние 19 играчи кои минатата недела беа дел од репрезентацијата која забележа победи во Белград над Саудиска Арабија и Србија во единствените две контролни средби пред почетокот на шампионатот.

Гонзалес од списокот ги изостави голманот Мартин Томовски и бекот Горан Крстевски.

Македонија на Еуро 2018 во Хрватска ќе ја претставуваат овие играчи:

Голмани: Борко Ристовски (Барселона), Никола Митревски (Констанца), Златко Даскаловски (Темишвар)
Пикери: Стојанче Стоилов (Вардар), Жарко Пешевски (Металург), Никола Маркоски (Орошази).

Крила: Дејан Манасков (Веспрем), Гоце Ојлески (Еурофарм Работник), Гоце Георгиевски (ЧСМ Букурешт), Мартин Поповски (Вардар).

Бекови: Филип Лазаров (Бешикташ), Кирил Лазаров (Нант), Немања Прибак (Бешикташ), Филип Талески (Рајн Некар), Филип Кузмановски (Металург), Мартин Велковски (Металург), Филип Миркуловски (Вецлар), Аце Јоновски (Ратинген), Велко Маркоски (Констанца).

Македонија на континенталниот шампионат ќе се натпреварува во Ц-групата, во Загреб, против бранителот на трофејот Германија, Црна Гора и „бронзената“ од последниот светски шампионат Словенија.

Првиот натпревар избраниците на Раул Гонзалес ќе го одиграат в сабота (19:30 ч) против Словенија, а потоа следуваат дуелите со Црна Гора (15 јануари) и Германија (17 јануари).

Scroll to Top