Top Sport

Швеѓаните се шокирани од неспортскиот потег на Червар (Видео)

Лино Червар, поточно неговиот неспортски потег е тема на денот меѓу ракометните фанови и новинарите кои го следат Европското првенство во ракомет. Червар во најчувствителниот момент на мечот со Белорусија со раце го сопре играчот на Белорусија додека тој одеше во напад.

Артур Карватски е крај десната аут линија, Хрватска води 24:23, а Белорусија го има последниот напад. Кога Белорусинот тргнува, на снимката јасно се гледа дека Червар го влече Караватски со десната рака, истото се обидува да го направи и со левата, но крилото успева да се ослободи од хрватскиот селекторт.

Во продолжение на акцијата судиите свират пробивање и во контра Марко Копљар го поставува конечниот резултат 25:23. Со оваа победа Хрватите ги задржаа шансите за пласман во полу-финалето, доколку Белорусите направеа сензација, надежите на Хрватска дека ќе се бори за медал ќе згаснеа уште во првото коло во втората фаза.

Потегот на Червар е неспортски, иако тој се правда дека не е така и дека немал таква намера. Лавина негативни коментари предизвика неговиот потег, а бурно реагираа и шведските новинари.

„Погледенете го Червар!Што прави тој?Налета на белорускиот играч…Погледнете тренерот го држи противничкиот играч!“, во неверување викал Ола Венстром кој за „Виасат“ го пренесува првенството. „Па тој го задржа играчот кој е во поле. Што се случува овде“.

Шокиран од потегот на Червар бил и стручниот коментатор Мартин Франдесјо.

„Червар ги мина сите граници. Овој гнасен потег за жал е потегот по кој ќе го паметиме ова Европско првенство. Неверојатно е што се му е дозволено на домаќинот на првенството. Ова ги мина сите граници. Никогаш не сум видел нешто слично во ракометот“.

Scroll to Top