Top Sport

Сулиќ ќе игра за Унгарија?

Поранешниот хрватски репрезентативец, 38-годишниот ветеран Ренато Сулиќ наскоро ќе го облече унгарскиот дрес, јавуваат унгарските медиуми откако тој доби државјанство на Унгарија во април 2016.

Сулиќ, кој игра за Веспрем, би требало да помогне во репрезентацијата која имаше неславен настап на Европското првенство во Хрватска, губејќи ги сите три натпревари против Чешка, Данска и Шпанија и покрај огромната поддршка на фановите во Вараждин.

Сулиќ, дел од славната хрватска генерација која освои злато на СП во 2003 година, би требало да помогне Унгарците да се пласираат на Светското првенство во 2019, за кое играат бараж против Словенија.

Scroll to Top