Top Sport

Вардар апсолутен рекордер во СЕХА лигата

Бранителот на титулата во регионалната ракометна лига, СЕХА, екипата на Вардар, испиша историја во ова натпреварување, откако регуларниот дел од сезоната 2017/2018 го заври без пораз, со 17 победи и едено реми.

Никој во СЕХА не забележал 17 победи, а исто така ниту еден тим не освоил 52 бода во регуларниот дел од сезоната. Единствен тим што успеа да остане непоразен во дуелот со вардар е Мешков Брест. На 1.феверуари во Белорусија натпреварот помеѓу двата тима заврши 25:25.

Во регионалната лига Вардар го очекува настапот на завршниот турнир. „Факнал Фоур“ турнирот од 13. до 15.април ќе се игра во Скопје, а противник на Вардар во полу-финалето најверојатно ќе биде екипата на Мшков Брест.

Scroll to Top