Top Sport

Вардарци со пола сили до реми со Мешков

РК Вардар и во првиот натпревар од 2018 година остана непоразен откако одигра 25:25 на гостувањето во Белорусија кај Мешков Брест во меч од СЕХА лигата.

За европскиот шампион, ова сепак е првпат во СЕХА да не победат оваа сезона, но не се остварија домашните најави за изненадување на „црвено-црните“ кои играа без Борозан, Абутовиќ и Чупиќ.

Финишот на натпреварот беше драматичен, откако по грубиот фаул на Дибиров, рускиот ракометар влезе во расправија со Продановиќ, и двајцата добија исклучување. Вардар поведе со 25:24 преку Лука Циндриќ, но домаќините успеаја да израмнат во финишот на мечот.

Дибиров беше најдобриот стрелец за Вардар со осум голови, додека по три гола постигнаа Криштопанс, Македа и  Циндриќ. Арпад Штербик по освојувањето на златото со Шпанија, се врати на клупските обврски со 11 одбрани.

Scroll to Top