Ракометарките на Вардар забележаа нова, шеста победа оваа сезона во Лигата на шампионите. Во неделата, Вардар слевеше во германија кај Битигхајм 38:26 (16:14).

Европските вицешампионки против Битигхајм во целост ја оправдаа фаворитската улога и го задржаа максималниот ефект во Лигата на шампиониките.

Вардар во Германија ја покажа својата моќ, му дозволи на Битигхајм да биде рамноправен во првите десет минути и да има само два гола негатива на полувреме.

Сепак во вториот дел црвено-црните ја покажаа својата моќ постигнаа 22 гола за 30 минути и запишаа нова убедлива победа.

Против Битигхајм ја забележаа 28. победа оваа сезона во сите натпреварувања.

Вардар до победата го предводеше триото Пенезиќ-Цвијиќ-Лекиќ кои постигнаа осум, седум и шест гола.

Во следното коло во сабота во Скопје доаѓа Будуќност.

фото/zrkvardar.mk