Top Sport

Вардарки го освоија првото место со тешка унгарска победа

ЖРК Вардар останува непоразен во групата Ц од Лигата на шампионите, откако во најтешкиот тест досега стигна до петтата победа во низа, овојпат минимална од 29:28 на гостувањето кај унгарскиот ФТЦ.

„Црвено-црните“ имаа одлична предност од 14:10 по првото полувреме, но паднаа во ритамот во второто, но на крајот не дозволија унгарскиот шампион да направи изненадување и да ги собере поените од Вардар.  ФТЦ стигна до 23:23 израмнување, пред Пенезиќ и Лакрабер на пет минути до крајот да ги вратат Вардар во водство од два гола.

Македонскиот шампион со победата го осигура првото место во својата група и сега ги очекува уште еден меч против Турингер пред натпреварите од втората фаза.

Најефикасна беше Андреа Пенезиќ со осум постигнати гола, додека по пет гола имаа Александра Лакрабер и Драгана Цвииќ.

Scroll to Top