Top Sport

Вардарки со победа во „Морача“ го чека Митјиланд

ЖРК Вардар успеа да го победи Будуќност со 30:25 на секогаш тешкото гостување во „Морача“ за да ги комплетираат натпреварите по групи во Лигата на шампиони на првото место во групата 2 со 9 победи и само еден пораз, покажувајќи дека се подготвени за трофејот пред тимот полека да се „растури“ следната сезона.

„Црвено-црните“ во текот на целиот меч ја имаа контролата на играта и на резултатот, функционирајќи одлично во нападот, а на голот беше секогаш сигурната Ина Суслина, која имаше девет одбрани. Андреа Пенезиќ беше најрасположена во нападот со 10 гола.

Сега за Вардарки претстои двобојот со данскиот клуб Митјиланд, кој го освои четвртото место во групата 1, и тој не би требало да претставува посериозна пречка за пласман на Фајнал фор турнирот во Будимпешта во средината на мај.

Будуќност пак, во четврт-финалето ќе се сретне со првопласираниот во таа група, унгарскиот гигант Ѓер.

Фото: ЖРК Вардар

Scroll to Top