Top Sport

Вардарки заборавени од ЕХФ

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги објави имињата на ракометарките кои влегоа во изборот за најдобра во 2017 година. Нелогично е што меѓу деветте номинирани кои влегоа во трката за престижната награда нема ниту една ракоемтарка на Вардар.

ЖРК Вардар изминатата сезона играше во финалето во Лигата на шампионите, а во новата сезона е единствената екипа која првата фаза ја заврши со максимални шест победи.

ЕХФ ги номинираше Нора Морк и Анита Горбиц од Ѓер, Кристина Неагу и Аманда Куртовиќ од Букурешт, Катарина Булатовиќ (Ростов Дон), Мелине Ноканди (Мец), Каролина Кудлач-Глоц (Битигхајм), Ана Грос (Мец), ( Ивета Лузумува (Турингер).

Scroll to Top