Top Sport

Вујовиќ: Словенците како „варено месо без зачин“

Словенечкиот селектор, Веселин Вујовиќ не беше задоволен од играта на неговата репрезентација при 31:28 поразот од Данска, велејќи дека биле како „варено месо без зачин“.

Иако Словенија неколку пати беше блиску до брзите Данци, сепак, олимпискиот шампион покажа дека е фаворит за медал на Европското првенство во Хрватска, порака која и во нашата репрезентација мораат да ја „послушаат“. Вујовиќ вели дека Словенците направиле премногу грешки.

„Не знам зошто, но ми се чини дека повеќето играчи немаа доволно концентрација, не беа доволно влезени во натпреварот, а во нападот направивме премногу грешки. Ниту одбраната не беше совршена, посебно кај најискусните играчи, од кои очекував повеќе. Едноставно немавме доволно сила. Бевме како варено месо, но немавме зачин. Да, многумина ќе кажат, нормално, тоа е Данска, но требаше да имаме повеќе сила, желба и одлучност. Не крваревме, не одеше пена на уста. Полуфиналето е практично загубено, но ќе се бориме за петтото место“, објаснува Вујовиќ.

Данска со фуриозна игра ги „смири“ Словенците (видео)

Scroll to Top